Кога станува збор за ликвидноста, компанијата значително го подобри паричниот тек и успеа да ги отплати сите заеми во износ од 640 милиони денари.
ОКТА оствари висока профитабилност во 2017 година, главно поттикната од значителното зголемување на продажбата на домашниот пазар како и континуираното оптимизирање на трошоците. Компанијата уште еднаш се докажа како еден од двигателите на економијата, овозможувајќи непрекинато снабдување со гориво за сите сектори, а со тоа останувајќи главен снабдувач на гориво во земјата за 2017 година. Ова беше демонстрирано со успешно надминување, во неколку наврати, на екстремни ситуации поврзани со лошите временски услови и граничните блокади, во првите месеци од 2017 година.
Притоа, прилагодената ЕБИТДА во 2017 година изнесува 556 милиони денари, што е пониска споредено со минатата година, главно поради еднократниот профит од продажбата на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, што придонесе кон зголемувањето на ланската прилагодена ЕБИТДА. Во четвртиот квартал на 2017 година, прилагодената ЕБИТДА изнесуваше 143 милиони денари, надминувајќи ги 116 милиони денари остварени во истиот период минатата година како резултат на подобрите перформанси на домашниот пазар. Добивката по оданочување во 2017 година изнесува 203 милиони денари што е пониска споредено со 2016 година (331 милиони денари), поради веќе споменатото влијание на еднократниот профит, како и поради различниот ефект од движењето на цените на горивото на светските пазари, што резултираше со позитивно влијание врз залихата во 2016 година во износ од 124 милиони денари (наспроти ефектот од само 32 милиони денари во 2017 година). Во четвртиот квартал на 2017 година добивката по оданочување достигна 68 милиони денари, што е повисока од истиот период минатата година (66 милиони денари).
Кога станува збор за ликвидноста, компанијата значително го подобри паричниот тек и успеа да ги отплати сите заеми во износ од 640 милиони денари.
ОКТА, како компанија свесна за своето влијание врз заедницата, ја одржува усвоената практика за поддршка на различни добротворни активности кои ги подобруваат условите за живот и работа во повеќе сектори – здравство, образование, култура, спорт, животна средина и друго. Во 2017 година, посветеноста на компанијата за подигнување на јавната свест за безбедноста во сообраќајот, преку кампањата „Јас внимавам“, доби награда за најдобра национална општествено одговорна практика, во категоријата инвестиции во заедницата.
Компанијата, исто така, ја покажа својата посветеност на грижата за маргинализираните групи на граѓани, преку донирање логопетски сетови за две основни училишта за деца со посебни потреби.
Дополнително, раководството на ОКТА внимателно ги следи предизвиците како и состојбите, и проактивно планирајќи постојано има за цел да обезбеди редовно и непречено снабдување со горива со највисок квалитет на локалните и соседните пазари, додека во исто време продолжува да ја движи компанијата напред преку искористување на можностите кои ќе се појават за натамошно подобрување на деловните резултати и зголемување на оперативната ефикасност.