Повеќе од три тони злато испаднаа од руски товарен авион „Ан-12″ при самото полетување, кога една врата случајно се отворила.
Во авионот имало околу девет тони злато, од кои една третина биле расфрлени по пистата. Тоа се случило на аеродромот во Јакутск, и притоа, никој од екипажот не е повреден, соопштуваат руските власти.
Како што пренесува ТАСС, досега се пронајдени 172 златни прачки со вкупна маса од 3,4 тони.