Советот за безбедност на ОН синоќа донесе одлука да го продолжи мандатот за уште една година, до 17 март 2019., на својата мисија во Авганистан.
Резолуцијата на СБ беше едногласно усвоена на состанокот средбата водена од холандското претседателство.
Во Резолуцијата се наведува дека продолжувањето на мандатот на мисијата за помош на Авганистан (МООНСА) треба да им помогне на властите во земјата да ја преземат „целосната одговорност” за безбедноста и управувањето.
Документот ја споменува заканата од движењето „Талибан“, вклучувајќи ја и „Мрежата Хакани”, како и терористичките Ал Каеда и „Исламската држава”.
ФОТО: EPA/PETER FOLEY