Oставка на норвешки министер поради користење на службен телефон на одмор во Иран

Владата на Норвешка бара сите министри да ја известат премиерката каде патуваат на одмор и да не користат службени телефони во земји со кои немаат безбедносно-сигурносна соработка.

648

Норвешкиот министер за рибарство, Пер Сандберг, поднесе оставка откако призна дека ги прекршил владините правила за сигурносен протокол за време на одморот во Иран минатиот месец, пренесуваат медиумите.

Сандберг не ги информирал колегите каде оди на одмор, а со себе го земал и службениот телефон, што не е дозволено.

Премиерката Ерна Солберг заради тоа го укорила, нагласувајќи му дека ги прекршил владините протоколи за патување.

Педесетгодишниот Сандберг бил критикуван и внатре во својата антиимигрантска партија Напредок, бидејќи со себе на одморот ја водел и својата 28 годишна љубовница Бахарех Летнес, која е родена во Иран, а добила норвешко државјанство пред 10 години.

Ова покажа дека министерот има двојни стандарди како член на антиимигрантска партија, а згора на тоа можел да биде и цел на разузнавачки служби, коментираат некои норвешки медиуми.

Откако се дознало за неговото однесување, популарноста на малцинската коалициона Влада паднала, а премиерката веднаш побарала владиниот службен телефон да го преземат безбедносните служби за проверка.

Владата на Норвешка бара сите министри да ја известат премиерката каде патуваат на одмор и да не користат службени телефони во земји со кои немаат безбедносно-сигурносна соработка.

ФОТО: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...