Oколу 400 повредени во антивладините протести во Бејрут

Околу 30 луѓе се приведени, но Обвинителството нареди нивно ослободување.

47

Приближно 400 луѓе се повредени за време на вчерашните протести во Бејрут, кога либанските безбедносни сили употребија солзавец и водени топови врз демонстрантите во близина на зградата на парламентот, соопштија болнички извори.

Демонстрантите на социјалните мрежи денеска повикаа на протест пред зградата на парламентот, каде што вчера се случија судирите.

Околу 30 луѓе се приведени, но Обвинителството нареди нивно ослободување.

Во протестниот камп во центарот на Бејрут вчера изби пожар, што беше локализиран. Се уште не е познато што го предизвика пожарот.

Претседателот на Либан, Мишел Аун побара од армиските и полициските командатни да воспостават мир во Бејрут и да ги заштитат мирните демонстрантите, како и јавната и приватната сопственост.

Протестите во Либан против политичките елити, што се на власт од завршувањето на граѓанската војна (1975-1990) траат веќе три месеци, а демонстрантите ги обвинуваат политичарите за корупција, за лошо владеење и за најтешката економска криза.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...