Нуклеарната електрана „Кршко“ ја прекина работата на месец дена поради ремонт

Редовен ремонт на нуклеарната електрана „Кршко“ започна синоќа со исклучување на електраната од електроенергетска мрежа.

166

Редовен ремонт на нуклеарната електрана „Кршко“ започна синоќа со исклучување на електраната од електроенергетска мрежа, а се предвидува комплексниот ремонт да трае малку помалку од еден месец. Нуклеарката би требало да биде вклучена во мрежа на крајот на април.

– Предвидено е комплексниот ремонт да трае нешто помалку од еден месец или до крајот на април, изјави директорот на нуклеарната централа Стане Рожман.

Тој изјави дека работите ќе чинат 100 милиони евра, а „Кршко“ ќе ги покрие од сопствени средства.

Во тој период ќе се модернизира и ќе се вложи доста во безбедноста.

Замената на нуклеарното гориво ќе чини околу 46 милиони, трошоците на сите услуги се проценети на околу 32 милиони, а опремата околу 22 милиони евра.

Во ремонтот на нуклеарката, чии ко-сопственици се словенечката Ген енергија и Хрватското електростопанство , ќе работат 600 вработени во НЕК и околу 1.200 надворешни соработници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...