Пред Суд во Загреб денеска започна нов судски процес против поранешниот хрватски премиер Иво Санадер под одвинение за примање поткуп од австриската банака „Хипо Алпе Адрија“.
Според обвинителниот акт, Санадер се товари дека од австриската банка му бил исплатен поткуп во висина од 500.000 евра.
Обвинителството во воведниот збор оцени дека високото ниво на корупција во Хрватска за време на војната во првата половина на 90-те години на минатиот век, ја „довело во опасност хрватската држава“.
Санадер, кој беше хрватски премиер од 2004 до 2009 година, се изјасни како невин по обвинението.
Во 2014 година 64-годишниот Санадер беше осуден за примање поткуп од неколку милиони евра од „Хипо Алпе Адрија“ и од унгарската нафтена компанија МОЛ. Меѓитоа, Врховниот суд на Хрватска ја укина пресудата поради прекршување на процедурата.
Санадер е највисок поранешен вршител на државна функција во Хравтска кому му се суди под обвинение за корупција.