Новиот компактен SUV Citroën веќе постигна продажба од 50.000 возила

91

Промовиран во последниот квартал од минатата година, новиот компактен SUV Citroën C3 Aircross веќе постигна продажба од 50.000 возила во Европа, од кои 23.000 се во Франција. Надминувајќи ги дури и прогнозите на самиот бренд, овој успех е потврда за исклучителната привлечност на овој SUV кој е 100 отсто Citroën! Овој нов модел е второто најдобро продавано возило на Citroën, веднаш зад C3. Тој е на чело на новата продажна офанзива на брендот, кој во јануари забележа пораст на продажбата во Европа од 19 отсто!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...