Носачот на авиони Лексингтон пронајден на дното на Пацификот

Лексингтон беше потопен во Битката на Коралното Море, на 8 мај 1942, со 35 летала на него и 216 од вкупно 2.735 морнари.

246

Американскиот носач на авиони од Втората светска војна Лексингтон е пронајден во Пацификот, 76 години откако беше потопен од страна на јапонската воена морнарица.

Лексингтон беше потопен во Битката на Коралното Море, на 8 мај 1942, со 35 летала на него и 216 од вкупно 2.735 морнари.

Потрагата по остатоците од бродот беше иницирана од авантуристот и милијардер Пол Ален. Тој формирал тим предводен од морскиот истражувач Роберт Крафт. Остатоците од бродот се пронајдени на околу 800 километри од источниот брег на Австралија.

– Лексингтон беше на нашата листа приоритети, зашто „таа“ била еден од најзначајните бродови изгубени во Втората светска војна. Со помош на географската местоложба, староста и други фактори, ние со Пол работевме на потрагата. Го планиравме тоа шест месеци, и сето тоа испадна одлично, објаснува Крафт. Неговиот тим денеска објави снимки и фотографии и снимки од неверојатото откритие на дното на океанот.

Името на бродот се чита на повеќе места, а меѓу пронајдените остатоци се и добро зачуван топ како и дел од воените авиони кои биле на Лексингтон кога потонал.

Лексингтон првпат исплови во 1925, како еден од првите американски носачи на авиони. Во битката која се покажала кобна за бродот, тој неколкупати бил погоден со јапонски торпеда и бомби, па поради сериозни оштетувања, Американците решиле самите да го потопат.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...