Нобеловката Уидед Бушамауи почесен професор на ФОН

223

Добитничката на Нобеловата награда за мир Уидед Бушамауи денеска од Универзитетот ФОН ќе добие титула почесен професор (profesor honoris causa).

Уидед Бушамауи, е родена на 18 октомври 1961 во Габес, провинцијата Бушама во Тунис. Како млад економист ги интегрирала фирмите Hedi Bouchamaoui & Sons, специјализирана во доменот на нафтата, БТП текстил и индустрија.

Во 1994 година ја формирала компанијата Maille Fil специјализирана во обработка на памук и памучни влакна.

Во 2013 во улога на председател на УТИКА, инаку една од четирите организации кои го сочинуваа Тунискиот Квартет, Уидед Бушамауи заедно со Хусин Абаси, (УГТ) Абделсалтар бен Муса (Туниска лига за човекови права) и Мохамед Фадел Махмуд (Националната асоцијација на адвокатите) ја преземале историската улога за отпочнувањето на националниот дијалог и стабилизирање на нејзината државата Тунис.

Во 2014, Уидед Нушамауи со своите соработници ги организирала председателските и парламентарните избори, што доведе до внатрешна стабилизација на Тунис.

Тунискиот квартет на чело со Бушамауи, ја добива Нобеловата награда за мир за 2015 во конкуренција на 273 кандидати од цел свет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...