Норвешкиот Нобелов комитет соопшти денеска дека лице кое користело лажен идентитет го кандидирал американскиот претседател Доналд Трамп за престижната награда за мир.
Секретарот на Нобеловиот комитет Олав Нјолстад изјави дека најверојатно истото лице и во 2017 година лажирало номинации.
Нјолстад одби да го открие идентитетот на тоа лице, нагласувајќи само дека за случајот е информирана норвешката полиција. Тоа е првпат номинација да е поднесена „со кражба на идентитет на друго лице“.