Народната банка издаде и пушти во оптек кованата пара за колекционерски цели „Бик“ од серијата „Хороскопски знаци“.
Парата е изработена од сребро Ag925, со тежина на среброто од 23,30 грами, чистота на среброто од 19,43 грами, во квадратна форма со димензии 37 х 37 милиметри, полирани со позлата и вметнато кобалтно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 мм.
Цената на кованaтa парa „Бик“ изнесува 2.800 денари.
Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.