На холивудскиот актер Николас Кејџ конечно ќе му се оствари желбата да се најде во улога на Супермен. Сепак, не станува збор за најава на блокбастер, туку за ангажман на оскаровецот во анимираниот филм „Teen Titans GO! To the Movies“.
Кејџ ќе го позајми гласот за суперхеројот во анимираниот филм што ќе излезе на 27 јули годинава. Филмот е адаптацијата на анимираната серија што се емитува на „Картун нетворк“.
Инаку, во 1998 година пропадна филмскиот проект „Супермен живее“, на Тим Бартон и по сценарио на Кевин Смит, а во кој Кејџ требаше да биде главниот лик.
Николас Кејџ има уште една супер поврзаност со Супермен – го поседуваше првото издание од стрипот „Акшн комикс“ за Супермен од 1938 година, едно од најретките изданија во светот, кое подоцна го продаде за 2,1 милион долари.
ФОТО: EPA/INGO WAGNER