Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера е пуштен од болница, каде престојуваше поради висока температура и кашлица.
– На пат кон дома сум. Сигурно е дека малку одмор и врела супа ќе ги доведат работите во ред – напиша Нетанјаху на Твитер.
Во официјалното соопштение на канцеларијата на израелскиот премиер се наведува дека испитувањата во болница покажале оти премиерот боледува од блага вирусна инфекција на горниот респираторен тракт.