Наоми Кемпбел е модна икона за 2018

143

Советот на модни дизајнери на Америка (СФДА) најави дека Наоми Кемпбел ќе ја прими наградата Модна икона 2018. Наградата ќе ѝ биде доделена на 4 јуни, на церемонијата на доделувањето на наградите СФДА од најдобрите американски модни дизајнери.

Наоми во медиумите изјавила дека ѝ е чест да биде препознаена од Советот за овогодишната награда Модна икона, дека пораснала во модната индустрија и дека е неизмерно им е благодарна на американските модни дизајнери, кои ја поддржувале и ја славеле во нејзината кариера.

Од првиот црномурест модел што се појави на насловните на францускиот „Вог“ и „Тајм“ до целоживотна муза на Азедина Алаја, Наоми во целост претставува вистински супермодел.

Претседателката на СФДА, Дијан вон Фурстенберг, ја опишала Наоми во една реченица: „Од детско чудо до божица на модата, Наоми претставува убавина, активизам и радост на животот.“

Наоми ѝ се придружи на листата свои пријатели и други личности што ја добиле истата награда, а меѓу нив се Ријана, Дејвид Боуви, Бијонсе, Фарел Вилијамс и Кејт Мос.

Дизајнерите Дијан вон Фурстенберг, Нарцисо Родригез и Каролина Херера ќе добијат признание за позитивни промени, животно дело и награда на основач. Во годината во која помина многу време оддавајќи почест на наследството на својот брат Џани, Донатела Версаче ќе добие меѓународна награда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...