Вредноста на биткоинот продолжи да се намалува, и сега најпопуларната крипто валута повторно изнесува под 10.000 долари.
Биткоинот вчера се намали на 9.300 долари, за наскоро потоа да се искачи на 9.600 долари. Највисоката точка за валутата беше постигната на 20 февруари, кога еден биткоин се продаваше за 11.765 долари, но позначајна од вредноста е количеството на биткоини кои се во продажба.
Од 20 февруари до крајот на минатата недела, бројот на продажби падна дури за 42 проценти.