Најмалку 14 цивили се убиени во најновите воздушни напади на просириските владини сили против бунтовничката енклава Источна Гута, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон.
Сирискиот претседател Башар ал Асад најави дека нападите против бунтовниците ќе продолжат.
Во текот на ноќта и рано изутрината, неколку делови на Источна Гута беа цел на воздушни напади и ракетирања.
– Од почетокот на офанзивата на 18 февруари загинаа 709 цивили, изјави директорот на Центарот Рами Абдел Рахман. Тој дополни дека владините сили ја вратиле контролата над повеќе од една четвртина од Источна Гута.
Во текот на денот се очекува да пристигне и првиот конвој со хуманитарна помош, прв од почетокот на ескалацијата на насилството во тој регион. Конвојот се состои од 46 со медицинска помош и храна за 27.500 лица.