На 23 март средба Вучиќ-Тачи во Брисел

170

Српскиот претседател Александар Вучиќ и неговиот косовски колега Хашим Тачи ќе се сретнат на 23 март во Брисел.

– Средбата е во рамките на дијалогот за нормализација на односите меѓу двете држави – јави електонското издание на приштинскот весник „Газета експрес“,повикувајќи се на соопштение од кабинетот на Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија Федерика Могерини.

Во соопштенето стои дека ќе продолжат со разговорот за нормализирање на односите во рамки на дијалогот со посредство на ЕУ и „ќе се работи на понатамошна имплементација на потпишаните договори“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...