МВР треба да ја продолжи реализацијата на договорот со „Еурокомпозит“

268

Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да ја продолжи реализацијата на договорот со „11 Октомври-Еурокомпозит“ АД Прилеп за изработка на производи за потребите на ова министерство, како и да ја разгледа можноста за набавка за нови прозиводи од програмата на оваа компанија.

Тоа е еден од заклучоците од денешната владина седница со цел да се надминат проблемите во Друштвото за производство на производи со посебна намена „11 Октомври- Еурокомпозит“ АД Прилеп.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжила МВР  да изврши репрограмирање на обврските кон „Еурокомпозит“ и да изврши авансна исплата на обврските предвидени со Договорот за изработка на производи наменети за потребите на министерството со цел да се обезбедат финансиски средства за исплата на надоместок на вработените.

„Во насока на трајно решавање на проблемите во оваа фабрика Владата презема обврска да обезбеди финансиски средства за изработка на финансиска и правна анализа за компанијата и да разгледа мерки и можни решенија за изработка на стратегија и план на активности за системско решавање на состојбите во „11 Октомври-Еурокомпозит“ со цел конечно решавање на наталожените проблеми во изминативе години“, се наведува во соопштението.

Владината прес-служба информира дека вицепремиерот за економски прашања и координација со економските ресори Кочо Анѓушев одржал средба со претставници на синдикатот на „Еурокомпозит“ и со претставници на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство на која била разгледана состојбата на компанијата во насока на надминување и трајно решавање на проблемите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...