Мун Џае-ин нема да ги намали санкциите против Пјонгјанг заради Самитот

За предлогот на Пјонгјанг да разговара со САД за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, Мун истакна дека уште е рано за оптимизам.

106

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин не планира да ги намали или олесни санкциите против Северна Кореја, за да има средба на високо ниво меѓу Пјонгјанг и Сеул, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

За предлогот на Пјонгјанг да разговара со САД за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, Мун истакна дека уште е рано за оптимизам.

– Се уште има многу прашања за кои имаме различни ставови – рече тој.

Мун ги отфрли тврдењата дека на Северна Кореја и се давани тајни предлози за да ја убедат да преговара.

– Немаше никакви тајни договори со Северот. Подарок за Северот нема да има – изјави Мун.

Тој имаше средба со шефовите на пратеничките групи, откако негови пратеници беа во Северна Кореја и пренесоа дека лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун е подготвен да стави мораториум на нуклеарните и ракетните проби доколку САД почнат преговори со Пјонгјанг.

Претседателот на Јужна Кореја истакна дека неговата земја треба да одржува блиска соработка со САД. Според него, дискусиите за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров ќе доведат до резултат, дури „кога Јужна Кореја и САД ќе имаат заеднички позиции” по прашањето.

– Меѓу-корејски разговори нема да бидат доволни за да се постигне мир – рече тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...