МТСП: Стечајните работници задоволни од измените на законот

188

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска се сретна со Лилјана Георгиевска, претседателка на Здружението на стечајни работници- УНИТ и регионалните координатори на здружението.

Како што сооопштија од Министерството за труд  и социјална политика тема на разговотр биле последните измени на Законот за стечајци кои ги усвои Владата минатата недела. Предлог-законот е веќе во собраниска процедура.

Од Министерството информираат дека согласно ,,Законот за стечајци’’ кој што беше донесен во септември 2017 година се издадени решенија на 2732 стечајни работници. Со овие измени ќе бидат опфатени дополнителни 1.900 лица.

Со усвоените измени и дополнувања на законот се олеснуваат потребните услови утврдени со постојниот закон, кои се однесуваат на  стекнување на правото на материјално обезбедување доколку престанокот на работниот однос настанал во моментот кога претпријатието со  доминантна  сопственост  на  државата се приватизирало, под услов единствениот матичен број на субјектот да не е променет од моментот на засновањето на работниот однос во тоа претпријатие, до неговиот престанок.

Истовремено, поголема флексибилност е дадена со условот за потребната возраст која треба да ја има невработеното лице  (најмалку 52 години за жени, односно 55 години за мажи), со тоа што истата сега се исполнува не од моментот на стапување во сила на постојниот закон, туку во моментот на поднесување на барањето за остварување на правото за материјално обезбедување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...