Могерини бара прекин на огнот во Сирија од Русија, од Иран и од Турција

126
ФОТО: EPA/OLIVIER HOSLET

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европска унија, Федерика Могерини денеска апелираше до министрите за надворешни работи на Русија, на Иран и на Турција да го одржат прекинот на огнот во предградието на Дамаск, Источна Гута, како и во другите подрачја, што се под опсада во Сирија.

Таа истакна дека треба да се воведе „хуманитарна пауза“ односно прекин на огнот, што ќе трае 30 денови ширум Сирија.

Могерини исти така побара од Русија, од Иран и од Турција да ги преземат сите „неопходни чекори за завршување на борбите, народот на Сирија да биде заштитен, како и конечно да се овозможи пристигнување на хуманитарна помош и медицинска евакуација на населението“.

ЕУ на 24 и 25 април ќе одржи меѓународната конференција за Сирија во Брисел.

На предлог на Русија од вчера во Источна Гута во сила е секојдневен петчасовен прекин на огнот. Но, и покрај примирјето продолжуваат борбите во предградието на Дамаск.

ФОТО: EPA/OLIVIER HOSLET

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...