МОБ ќе ги донира парите од претставата „Мадам Батерфлај“

192

Македонската опера и балет одлучи парите од продадените билети за претставата „Мадам Батерфлај“, што ќе се изведе на 3 април, да се донираат во хуманитарни цели.

МОБ се одлучи за оваа акција по апелот за помош на семејството Ристески, мајката Марина и таткото Јован и нивниот тригодишен син Александар кои живеат во село Долгаец, во близина на Прилеп. На ова семејство му е потребен топол дом, за малиот Александар да има безгрижно детство заедно со своето семејство.

Претставата ќе се изведе во вторник во 20 часот, а цената на билетот се 300 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...