„Midnight conversation“ – најубавите џез-композиции со Апелгрен и Спасовски

161

Во Камерната сала на Македонската филхармонија на 22 декември во 20 часот, џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен и џез-пијанистот Гордан Спасовски, во очи на новогодишните празници, ќе приредат интимен, тивок перформанс кога ќе прозвучат најубавите композиции од светската џез-литература.

Концертот со пијано и глас, ќе донесе комплексна, но атрактивна и пријатна музика која ќе направи магија за сетилата и ќе ја разбуди имагинацијата.

Џон Илија Апелгрен се смета за еден од најдобрите џез-вокалисти во регионот, со зад себе импресивна кариера на многубројни настапи како солист и со разновидни оркестри и ансамбли, студиски албуми и настапи на фестивали и концерти надвор од земјава. Неговиот придонес за развојот на вокалната џез-сцена во Македонија е несомнено голем.

Гордан Спасовски, пак, е пијанист од помладата генерација на џез-музичари во Македонија, кој во водите на џезот влегува под менторство на проф. Илија Пејовски и своето образование го продолжува на џез-одделот на Универзитетот за музика и сценски уметности во Грац, Австрија, каде дипломира со најголеми успеси. Спасовски зад себе има голем број на настапи на европските џез-фестивали, и соработки со значајни џез-имиња.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...