Мемоарите на Мишел Обама невообичаено интимни

120
Former first lady Michelle Obama, pictured in October 2016, announced on Sunday that her new memoir titled Becoming will be released on November

Поранешната прва дама на САД објави дека насловот на нејзината прва книга мемоари ќе биде „Станување“, а ќе бидат објавени на 13 ноември годинава, на 24 јазици низ светот.

– Пишувањето на мемоарите беше длабоко лично искуство… како мало девојче од Чикаго го откри својот глас и разви сила што ја искористи да охрабри други луѓе – посочила Мишел Обама.

Издавачот на книгата на Мишел забележал дека мемоарите се невообичаено интимно пресметување од жена од душа и супстанција, која непоколебливо им пркосеше на очекувањата и чија приказна инспирира да го сториме истото.

Нејзиниот сопруг и поранешен претседател на САД, Барак Обама, ги пишува своите претседателски мемоари, кои треба да бидат објавени во 2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...