Меј и Трамп: Сирија и Русија се одговорни за страдањата во Источна Гута

159

Според британската премиерка Тереза ​​Меј и американскиот претседател Доналд Трамп сирискиот режим и Русија ја носат главната одговорност за човечкото страдање во Источна Гута, велат од канцеларијата на Меј.

Двајцата лидери во телефонскиот разговор денеска, покрај другото, дискутирале и за ужасната хуманитарна ситуација во Источна Гута, која ја окарактеризираа како хуманитарна катастрофа.

Меј изразила длабока загриженост од намерите на Трамп да наметне царина за увозот на челик и алуминиум, како и од неговите закани за трговска војна со ЕУ, ако Брисел ги зголеми царините за американски стоки како одговор на неговите планови за оданочување на увозот на челик и алуминиум .

Според неа, мултилатералните активности се единствениот начин за решавање на проблемот на начин кој ќе биде во интерес на сите засегнати страни

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...