Идната британска кралска снаа Меган Маркл ќе треба да ја промени својата религија. Досега таа беше католик, а сега е подготвена да влезе доброволно под закрилата на Англиската црква.
Меган и Хари ќе се венчаат на 19 мај во капелата „Сент Џорџ“ во замокот „Виндзор“.
Британскиот принц Хари и свршеницата Меган Маркл поканија повеќе од 2.600 ггости на нивната свадба. Меѓу гостите во замокот ќе бидат луѓе кои работат во добротворни организации, ученици и граѓани. Тие ќе го проследат доаѓањето на невестата и младоженецот на церемонијата. Идејата е луѓето исто така да се почувствуваат дел од прославата.