Mastercard® бесконтактните картички на Еуростандард банка со освежен дизајн и 3D secure технологија

62

Еуростандард банка продолжува да вложува во развој на своите услуги и продукти, овој пат со нов освежен дизајн на своите Mastercard® standard кредитни картички, Mastercard® gold кредитни картички и Mastercard® business кредитни картички, кои покрај модерниот изглед, имаат и 3D secure технологија.

Со овие картички, корисниците имаат едноставен и лесен пристап до средстватa 24 часа на ден, 365 дена во годината, преку мрежа на банкомати во земјата и низ целиот свет. Картичките имаат и „3D Secure“ технологија која овозможува безбедни плаќања преку интернет, технологија потврдена со меѓународните сертификати на „Mastercard® SecureCode“.

Предности на сите Mastercard® standard и Mastercard® gold кредитните картички се бројни, почнувајќи од минимален месечен износ за отплата од 3% од вкупниот долг, потоа можност за кредитен лимит до 3 плати или 800.000 денари, па сè до бескаматен грејс период до 45 дена за трансакции на продажни места и без надомест за користењето на картичката во првата година.

Корисниците на Mastercard® business картичката имаат контрола врз своите финансии во секое време и можност да уживаат во безброј поволности како што се кредитниот лимит до 600.000 денари, немањето надоместоци за издавање и користење нa картичката како и за дополнителните картички и за извршените трансакции на продажни места.

Со воведувањето на овие измени во своите картички, Еуростандард банка продолжува да ја следи својата мисија за континуиран напредок и развој на своето работење во сите негови сегменти, почнувајќи од човечкиот капитал, технологијата, разновидноста на своите производи и услуги, секогаш имајќи ги во фокус своите клиенти, задоволување на нивните финансиски потреби и секако, нивната успешност.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...