Шефот на германската дипломатија Хеико Мас ги повика Палестинците „да не ги уриваат мостовите“, алудирајќи на лошите односи на палестинскиот претседател Махмуд Абас со САД и со политичкиот ривал Хамас.
Тој призна дека постојат разлики со Израел за меѓународниот договор со Иран, но не спомна ништо за измени на истот пред истекување на рокот, што го најави американскиот претседател Доналд Трамп за средината на мај.
– Нашите ставови се различни, но ние првенствено сме пријатели. Ние сакаме од нашите пријатели да ги слушнеме нивните грижи и стравови и поради тоа дојдов овде – изјави Мас.
Тоа е негова прва посета на Блискиот Исток откако на почетокот од месецот беше именуван за министер за надворешни работи.
Тој на средбите со палестинските лидери во Рамалх наведе дека новата Влада на Германија останува посветена на на решението за две држави во израелско-палестинскиот судир.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одбива да се обврзе на такво решение. Трамп во декември го призна Ерусалим за главен град на Израел, поради што Абас одлучи да ги исклучи САД како иден посредник во мировните преговори.
Мас предупреди дека мировните напори без САД „ќе бидат тешки“.