Актерот Марк Хамил доби ѕвезда на холивудскиот „Булевар на славните“, а познатиот Лук Скајвокер од „Војна на ѕвездите“ пред обожавателите се појави во придружба на два стормтрупери.
На свеченоста на 66-годишниот Хамил друштво му правеа и Харисон Форд (Хан Соло), режисерот Џорџ Лукас, како и омилениот робот Р2-Д2.
– Тешко ми е да ја изразам својата благодарност за ова признание, нагласи Хамил пред обожавателите кои се собраа на шеталиштето пред киното „Ел Капитан“.
Хамил долго време беше во сенка на Харисон Форд и покојната Кери Фишер и не успеа да се наметне меѓу водечките актери по завршувањето на првиот серијал од „Војна на ѕвездите“.
Но, со оживувањето на Лук Скајвокер во филмовите „Будење на силата“ и „Последниот џедај“, тој повторно се најде во центарот на вниманието.