МАПАС ја одобри продажба на НЛБ Нов пензиски фонд на „Сава“ осигурување

141

МАПАС даде согласност за пренос на акциите од НЛБ Нов пензиски фонд на Позаваровалница „Сава“.
Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС даде согласност за пренос на 100 отсто од акциите издадени од НЛБ Нов пензиски фонд на Позаваровалница „Сава“.

„Во врска со процесот на продажба на акционерскиот капитал на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја известува пошироката јавност дека врз основа на доставено Барање од НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, Советот на експерти на Агенцијата на седница одржана на 22.02.2018 година даде согласност за пренос на 100% од акциите издадени од НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје на Позаваровалница Сава д.д“, соопштија од МАПАС.

Според МАПАС идните процеси ќе се одвиваат согласно македонското законодавство во најдобар интерес на членовите на пензиските фондови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...