Малтретирани жени во организацијата на Боно

282
ФОТО: EPA/MATTEO BAZZI

Ирскиот пејач Боно Вокс се извинил по медиумските извештаи дека во невладината организација „Уан“, чиј соосновач е тој, имало полово вознемирување и малтретирање.

Педесет и седумгодишниот Боно изразил жалење, изјавувајќи дека бил бесен по обвинувањата објавени во британски медиуми и додал дека ќе се сретне со жртвите, на кои сака лично да им се извини.

„Дејли мејл“ објави за низа инциденти во невладината организација, меѓу кои и случај на мажена жена, која наводно била преместена на полошо работно место зашто одбила да има секс со танзаниски функционер.

– Искрено жалам, не поднесувам напаствување – изјавил Боно Вокс, истакнувајќи дека организацијата постои токму поради борба против злосторства врз најсиромашните луѓе.

Адвокатите на седум поранешни вработени во организацијата поднеле кривични пријави барајќи отштета поради претрпена емоционална, физичка и психичка траума.

ФОТО: EPA/MATTEO BAZZI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...