„Макпрогрес“ инвестира во нов погон

268

Фабриката „Макпрогрес“ денеска ќе ја презентира новата инвестиција во Источна Македонија вредна 650.000 eвра.

Инвестицијата е реализирана последните две години во изградба и планирање нов погон, производна опрема за преработка и пакување на производите од брендовите Сончева Долина, како и во новиот бренд „Фантазија“.

Новата инвестиција, најавуваат од фабриката, отвора и нови работни места во Виница и регионот.

– „Фантазија“ е скроена согласно потребите и барањата на модерниот потрошувач. Станува збор за полуготови миксови за колачи, бисквити и додатоци за колачи и кулинарство. „Фантазија“ нуди и иновативни производи, солените мафини и крекери, идеални и брзи за подготовка на појадок или ужинка – велат од „Макпрогрес“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...