Македонско – словенечки бизнис форум

Форумот е организиран во рамки на посетата на премиерот на Словенија Миро Церар, а обраќање, покрај него, ќе има, како што се најавува, и претседателот на македонската Влада Зоран Заев како и министерот за економија Крешник Бектеши.

101

Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе се одржи бизнис форум на кој директни средби ќе имаат македонски и словенечки компании од ИТ-секторот, прехранбената индустрија, телекомуникациите, отпадните води, енергетиката, осигурувањето, фармацијата, обновливите извори на енергија, електроиндустријата,…

Форумот е организиран во рамки на посетата на премиерот на Словенија Миро Церар, а обраќање, покрај него, ќе има, како што се најавува, и претседателот на македонската Влада Зоран Заев како и министерот за економија Крешник Бектеши.

Целта е унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу двете земји.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...