Македонско-естонски бизнис форум

Во делегацијата ќе бидат присутни и еминентни естонски бизнисмени од повеќе сектори, со кои што македонските компании ќе имаат можност да остварат директни бизнис-средби, најави Стопанската комора на Македонија.

99

Бизнис форум и деловни средби меѓу стопанственици од Македонија и Естонија ќе се одржат денеска во Скопје.

Форумот го организираат Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора за трговија и индустрија на Естонија, со цел унапредување и интензивирање на економската соработка помеѓу девет држави.

Најавените активности се во рамки на посетата на бизнис делегацијата од Естонија, предводена од амбасадорот Вајно Реинарт, потсекретар за развој и економски работи на Министерството за надворешни работи на Естонија, а во соработка со Стопанската комора за трговија и индустрија на Естонија.

Во делегацијата ќе бидат присутни и еминентни естонски бизнисмени од повеќе сектори, со кои што македонските компании ќе имаат можност да остварат директни бизнис-средби, најави Стопанската комора на Македонија.

Домаќин на бизнис делегацијата од Естонија ќе биде Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...