Бугарската компанија „Минстрој Холдинг“ останува со понудата за „Фени индустри“, информираше денеска компанијата и Македонско – Бугарската комора.
-Компанијата „Минстрој Холдинг“, членка на нашата комора има остварено средби со банките доверители во „Фени“, синдикатот на транспортерите и сите други засегнати страни за спасот на кавадаречката компанија.Потенцираме дека нашата членка „Минстрој Холдинг“, даде официјална понуда за 100 отсто исплата на побарувањата на Комерцијална и Стопанска Банка на ден, која што вклучува исплата на главница, гаранции, камати,
Од „Минстрој Холдинг“ додаваат дека е понудена гаранција од првокласна банка и даден е депозит кој стои во банка во Република Македонија и чека на одлука од банките како главни доверители, да им биде префрлен на нивна сметка.
Покрај исплатата на сите доверители „Минстрој Холдинг“ достави понуда до Владата и Банките дека во наредните две години ќе вложи инвестиции од 30 милиони евра за санација на двете електро печки и останатата опрема.
-Остануваме на официјалната понуда кон останатите доверители за исплата на побарувањата утврдени во стечајната постапка во висина од 100 отсто – информираат од „Минстрој Холдинг“.
„Минстрој Холдинг“ е докажана и реномирана компанија во македонската економија преку инвестиција во висина од преку 30 милиони евра во компанијата БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип во рудниците Тораница и Злетово. „Минстрој Холдинг“ вработува преку 4.500 вработени и инвестирано повеќе од 300 милиони евра во различни проекти.