Официјално е соопштен редоследот на настапи на земјите учеснички на годинашната Евровизија – Македонија ќе се претстави 11-та по ред на првата полуфинална вечер на 8 мај.
Бендот „Ај кју“ во Лисабон, Португалија ќе ја изведе песната „Изгубено и најдено“ („Lost and found“) веднаш по Бугарија, а пред настапот на Хрватска.
Првата полуфинална вечер на 63. издание на музичкиот натпревар ќе биде отворена со настапот на Азербејџан, а последен, 19-ти, е настапот на Кипар.
Заедно со Македонија за пласман во финалето на 8 мај ќе се борат и Исланд, Албанија, Белгија, Чешка, Литванија, Израел, Белорусија, Естонија, Австрија, Грција, Финска, Ерменија, Швајцарија и Ирска.
Евровизијата ќе се одржи од 8 до 12 мај.
Легенда „Ај кју“ настапуваат по Бугарија, а пред Хрватска