Мајли Сајрус соочена со тужба од 300 милиони долари

621

Поп-пејачката Мајли Сајрус е соочена со тужба од 300 милиони долари поради непочитување авторски права.

Тужбата се однесува на нејзината песна „We Can’t Stop“, при што јамајканскиот композитор Мајкл Меј тврди дека хитот од 2013 година потсетува на песна што тој ја напишал во 1988 година. Според Меј, песната на Сајрус содржи повеќе од педесет отсто од аранжманот на неговата песна „We Run Things“.

Меѓу спорната содржина биле и стиховите „We run things/Things no run we“, кои се повторуваат во песната на Сајрус со мала измена – „We run things/ Things don’t run we“.

Освен 300 милиони долари отштета, Меј барал и забрана на понатамошни изведби и продажба на посочената песна. Претставникот на Сајрус не одговорил на барањето на магазинот „Пипл“ за коментар во врска со случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...