М-НАВ вработува советник без работно искуство за плата од 670 евра

Огласот е активен до 23 март, а изборот на кандидатот треба да биде извршен три дена по завршување на огласот.

1670

Македонска навигација (М-НАВ) ќе вработи советник за односи со јавност. Кандидатот не треба да има работно искуство, а ќе добие плата од 41.273 денари.

Кандидатот, кој според огласот ќе биде вработен на неопределено време, покрај општите услови предвидени со закон треба да ги исполнува посебните услови кои предвидуваат да има завршено I циклус на студии Универзитетски студии минимум 180 ЕКТС и да има други професионални квалификации, способности и вештини, лични квалитети, a особено познавање на англиски јазик и работа на компјутер.

Кандидатот покрај пријавата за вработување и кратката биографија (CV), потребно е за исполнување на општите услови да ги достави следните документи:
-извод од матична книга на родените;
-уверение за државјанство;
-потврда од казнена евиденција издадена од надлежен суд;
-уверение од кривична евиденција издадена од надлежен суд

За работното место е предвидена нето плата од 41.273 денари.

Огласот е активен до 23 март, а изборот на кандидатот треба да биде извршен три дена по завршување на огласот. Огласот е објавен на 12 март.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...