Меган Маркл успеала да ги разбесни светските ѕвезди, меѓу кои биле и Викторија Бекам, Кендал Џенер и Рита Ора за време на доделувањето модни награди во Лондон.
„Не ја допирајте војвотката!“ пишувало на насловните страници на британските таблоиди, бидејќи нејзиното обезбедување наводно никому не му дозволило да ѝ се приближи.
Извори од американскиот таблоид тврдат дека делот од зад сцената каде што се наоѓала Меган Маркл бил опколен со кралско обезбедување кое на сите им забраниле пристап.
Наводно, било спроведено „кралското движење“, што значи дека кога Меган е во движење, обезбедувањето ги блокира и расчистува сите влезови, ходници и скали.
Токму затоа се налутиле Бекамови, Кендал, Рита и уште некои ѕвезди кои сакале да ја поздрават војвотката, но не им бил дозволен пристап.
Сепак, некои ѕвезди успеале да украдат малку време со Меган, како на пример актерката Розамунд Пајк која се појавила со неа на сцена и Клер Вејт Келер на која Меган ѝ доделила награда.