Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО) стана асоцијативен член на европската асоцијација „Јуропекс“ (Europex).
Како што соопштија од МЕПСО, кој е сосптвеник на операторот, МЕМО е 29 член на асоцијацијата што ги интегрира интересите и го трасира развојот на организираните пазари на електрична енергија и на природен гас во европските држави. Со асоцијативното членство МЕМО доби право да учествува во сите работни групи на оваа непрофитна организација.
Согласно со законот за енергетика МЕМО е оператор што управува со пазарот на електрична енергија. МЕМО започна со работа на 1ви октомври годинава.
– Националниот оператор на пазар на електрична енергија е активно вклучен во процесите за интеграција на пазарите на електрична енергија во регионот на Западен Балкан (WB 6) преку низа проекти кои водат кон воспоставување на организиран пазар на електрична енергија – велат оттаму.
Еден од тековните проект и активности на МЕМО е отворениот процес за назначување за Оператор на организираниот пазар на електрична енергија во корелација со Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги по чие завршување се очекува МЕМО да добие овластување да воспостави берза на електрична енергија во земјава и таа да може да се поврзе со берзите за електрична енергија од соседните држави.