Љубовникот во плакар предизвика две полициски интервенции

641

Љубовник сокриен во плакар предизвика две полициски интервенции во Бремен.

Жителка на Бремен планирала да го мине викендот со својот љубовник, но плановите се расипале кога нејзиниот сопруг се вратил порано, в неделата наутро. Бидејќи нападот е најдобра одбрана, сопругата почнала да вреска кон него, предизвикала караница со цел – да му овозможи на љубовникот можност и време да се скрие. Но, се вмешале соседите кои, загрижени поради викотниците и можноста сопругата да е во невоља, ја повикале полицијата.

Полицајците се обиделе да ја смират „скараната“ двојка, но сето тоа одело тешко. Во меѓувреме, љубовникот се криел во плакарот, и на крајот се нашол заклучен во станот.

Полицијата не соопштува дали љубовникот завршил во иста ќелија со брачната двојка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...