Начинот на кој САД најави високи увозни давачки за челикот и алуминиум е погрешен, изјави синоќа за Би-Би-Си британскиот министер за меѓународна трговија Лиам Фокс.
Според него, новите тарифи се „двоен апсурд”, посебно за Велика Британија, поради тоа што земјата учествува само со еден процент во увозот на метали во САД.
Фокс појасни дека во Велика Британија се произведува главно многу високо квалитетен челик кој не може да биде извезувн во САД, бидејќи тоа само ќе ги зголеми тамошните цени на челикот.