LIQUID-CRYSTAL од Дарија Андовска во избрани дела за Selected Proceedings from Vu Symposiums

184

Композицијата LIQUID-CRYSTAL за фиксен медиум од македонската композиторка Дарија Андовска е селектирана од над 500 композиции, предавања и мултимедијални проекти од автори од целиот свет за Selected Proceedings from Vu Symposiums во издание на University of Utah’s Marriott publishing.

За ова антолошко издание се избрани само 64 претставувања, меѓу кои и дела на “класиците на електронската музика“ Milton Babbitt, Karlheinz Stockhausen, Jean Claude Risset, што доволно кажува за реномето и квалитетот на нашата композиторка во светски рамки.

Дарија Андовска е вонреден професор на Факултетот за музичка уметност, една од најизведуваните македонски автори во светот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...