Сириско-курдски претставник Отман Шеик Иса рече дека судирот со Турција во сириската енклава Африн влегува во „нова фаза“ односно дека ќе преминат на герилска војна.
– Турската окупација ќе се промени од директна окупација, на војна со „нападни и замини“ тактики, додека Африн не биде ослободен – изјави Иса.
– Нашата војска ќе биде нивниот траен кошмар – додаде Иса на прес конференција, јавија западни медиуми.
Турските официјални лица соопштија денеска дека армиски единици влегле во градот Африн по два месеца откако почна офанзивата врз истоимената енклава.
Фото: EPA/AMEL PAIN