Косовски камонџии со 150 празни камиони протестираа вчера на преминот Морина на албанско-косовската граница кај Кукс, во знак на незадоволство поради одлуката на Албанија од 15 април да почне со наплата на патарина на автопатот Тирана-Кукс.
На камионџиите, кои носеа транспаренти упатени до албанските власти како „Ние не ги укинуваме границите, ние ги подигаме”, се приклучија десетици трговци од Албанија со сопствени камиони, при што се создаде колона долга неколку километри.