Конвој со хуманитарна помош влезе во Источна Гута

134

Обединетите нации соопштија дека конвој со хуманитарна помош денеска почнал да влегува во градот Доума во сирискиот реон Источна Гута кој е под контрола на бунтовниците.

Агенцијата на ОН за хуманитарни пршања на Твитер информира дека во конвојот има камиони со медицинска помош и храна за 27.500 луѓе.

Претставник на Светската здравствена организација за некои светски агенции изјавил дека припадници на сириските власти од камионите во конвојот ја извадиле опремата за хирургија и лекување рани, пред возилата да тргнат кон Источна Гута.

Денешниот конвој, кој според некои медиуми, веќе стигнал до жителите на Источна Гута, е прва дозволена испорака на помош за областа во изминатите три недели.

Во Источна Гута, каде живеат околу 400.00 луѓе, во изминатите две недели биле убиени повеќе од 600 цивили. Областа со месеци е под опсада и секојденвни бомбардирања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...