Станува збор за контрацептивен гел кој го намалува бројот на сперматозоиди.
Досега на мажите им беа достапни само кондомите или постапката на вазектомија, но на повидок е контрацепција за мажи во форма на гел кој се мачка на горниот дел од раката и рамото секој ден, за да влезе во крвотокот и би можел да претставува вистински пресврт во користењето на контрацепција за мажи.
Овој контрацептивен гел дејствува такашто го намалува бројот на сперматозоиди, а клиничките тестирања ќе почнат од април годинава и би можеле да потраат четири години затоа што станува збор за најголема студија која ќе тестира контрацепција за мажи.
Повеќе за ова прочитајте тука.