Инвестицијата е поделена во три фази, а за нејзините потреби во ТИРЗ Скопје 1 закупена е парцела со површина од околу 28.000 m2.
Компанијата „Саген“ која има седиште во Тирана, Албанија ќе инвестира во земјава, најави денеска на прес-конференцијата во Владата директорот на Дирекцијата на технолошко-индустриските зони, Александар Младеновски.
– Висината на планираната инвестиција ќе биде во вредност од повеќе од 20 милиони евра и се планирани околу 300 нови работни места. Инвестицијата е поделена во три фази, а за нејзините потреби во ТИРЗ Скопје 1 закупена е парцела со површина од околу 28.000 m2 – рече Младеновски.
Тој информира дека во изминатите месеци пет компании џакупиле простор во ТИРЗ, а две странски компании потпишале договор за помош со Владата.
– Разговараме и со други заинтересирани инвеститори и во следниов период очекуваме нови договори за закуп на земјиште во ТИРЗ.-овите.Тоа се компании од автомоблиската индустрија, но и со производители за медицинска намена и други, – рече Младеновски.
Тој соопшти дека наскоро ќе се презенитраат и договорите за проширување на капацитетите на веќе постојни инвеститори во ТИРЗ-овите.