Познатиот руски милијардер Денис Штенгелов, сопственик на трговскиот центар „Зимска вишна“ во рускиот град Кемерово, каде што во пожарот во неделата загинаа повеќе од 60 луѓе, меѓу кои и многу деца, не е во Русија и одбива да оди на сослушување.
Црно му се пишува
Кој е тој, како се збогатил и колку луксузно живее неговото семејство.
Со оглед на тоа дека истражната комисија веќе утврдила дека алармите и противпожарните системи во трговскиот центар не функционирале, дека чуварите не биле обучени и дека излезите биле блокирани, на Штенгелов црно му се пишува.
Првиот капитал го стекнал со велепродажба на семиња, а потоа купил фабрика за кондиторски производи и ги купил речиси сите свои конкуренти.
„Форбс“ го вброил „Штенгелов холдинг КВД“ во 100-те најголеми руски приватни компании, што значи дека парите не му се проблем. Тој главно ги троши на своите деца, кои живеат во Австралија и патуваат околу светот, но очигледно штеди на децата што доаѓаат во неговите објекти, како што е трговскиот центар „Зимска вишна“ во Кемерово.
Луксуз
Најстариот син на Штенгелов, Иван, дипломирал во „Саутпорт“, најскапо и најпознато училиште за деца. Себеси се нарекува „руски гангстер“ и користи луксузни приватни авиони, зимува во најскапи ски-центри и оди на најскапи забави.
Сака да игра тенис и фудбал, па не ги пропушта најважните натпревари во Лигата на шампионите и се фотографира со ѕвездите.
Помладиот син Алексеј е поскромен од својот брат. На неговиот профил на Фејсбук има само неколку фотографии. И тој игра тенис, па татко му му изградил огромен спортско-рекреативен центар – Академија за тенис и голф.
Штенгелов се погрижил и за сите блиски роднини. Постарата сестра Јулија ја преселил од Швајцарија во Австралија, каде што ја задолжил да води спортски комплекс.
Помладата сестра Оксана, менаџерка по струка, живее во Томск, каде што има ресторан.
Сите членови на семејството често изнајмуваат деловни авиони и не им претставува проблем за еден лет да платат неколку десетици илјади долари. Децата, пак, сакаат да одат на забави и луксузни одмори во ски-центри и на најубавите плажи.
Расте бројката на мртви
Во ужасниот пожар што изби во трговски центар во градот Кемерово загинаа најмалку 64 лица, меѓу кои и цели семејства. Постои можност оваа бројка да расте. Трговскиот центар речиси е целосно уништен, а издадено е предупредување дека конструкцијата може да се урне во секој момент. Пожарот започнал на четвртиот кат, каде што се наоѓаат игротеките. Во текот на пожарот се урнал покривот, а потоа и кино-салите од четвртиот кат паднале на третиот.